ГОРНА ПОРТА, ОХРИД

Некрополата на античкиот град Лихнидос ја сочинуваат погребувањата откриени на неколку пункта во старото јадро на Охрид, од кои централното место го зазема локалитетот „Горна Порта“. Овој комплекс се наоѓа покрај северниот бедем на Охридската тврдина веднаш покрај нејзиниот главен влез наречен Горна Порта по кој и локалитетот го добил своето име. На овој пункт откриени се вкупно 147 гробови поставени во хронолошка рамка од крајот на 6 век пр.н.е. до 2 век пр.н.е., меѓу кои посебно се издвојува гробот 132. 
Гробната конструкција е јама вкопана во карпата со неправилна правоаголна форма, оградена со камења. Надворешните димензии на гробната конструкција изнесуваат: 3,10 х 2,70 м, а внатрешните (најамата): 2,35 х 0,90 м. Ориентацијата е северозапад-југоисток.Најверојатно во гробот биле погребани двајца покојници со кремирање, а гробните дарови (вкупно 39 предмети изработени од  злато, сребро, бронза, керамика, стакло и килибар) биле поставени околу погребната маска во централниот дел. 
Гробните прилози сами по себе зборуваат за материјалната моќ и трговските врски на оваа аристократија со околниот свет, како и за автохтоните дострели и уметничкиот вкус на мајсторите кои ја претставиле симбиозата на есхатолошките сфаќања на жителите од предурбаниот Лихнидос. Оваа заедница заедно со аристократијата од Требениште биле во блиски релации со богатите аристократски кругови од нивното време во Петилеп (Беранци), Синдос (Солун) и Архонтико (Пела).

Мапа на некрополите кај Горна Порта, Охрид и Требениште. (Архива на Завод и музеј Охрид).
Архајски погребувања,
Горна Порта, Охрид
(Архива на Завод и музеј Охрид).
Комплекс Горна Порта
ПЛАН 1
План на Гроб 132, Горна Порта. (Архива на Завод и музеј Охрид).
In situ детал од Гроб 132. (Архива на Завод и музеј Охрид).
In situ детал од Гроб 132. (Архива на Завод и музеј Охрид).
In situ детал од Гроб 132. (Архива на Завод и музеј Охрид).
Екипа од ископувањата на Горна Порта,2002 год., раководена од Паско Кузман.
Погребна маска и ракавица.
Злато
Гроб 132, Горна Порта, Охрид
Завод и музеј Охрид
Show More
GET IN TOUCH

We'd love to hear from you